Познати се стартните состави: Шкендија почнува со најстандардните и најдобрите!

148

На нешто повеќе од еден час до стартот на мечот во Разград, и двајцата тренери Руи Мота и Јетон Беќири ги објавја стартните состави.

Домашниот состав на Лудогорец мечот ќе го започне со следните единаесетмина:

Падт, Сон, Куртулус, Алмеида, Недјалков, Нареси, Чочев, Дуарте, Маркос, Мачадо, Видал.

Шкендија ќе започне со овие единаесет:

Гаје, Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер, Р, Рамадани, Алхасан, Тамба, Зејнулаи,Љатифи, Ибраими.

Се гледа дека Беќири ништо не експериментира и дека шанса им дава на своите најдобри играчи, оние кои беа најстандарни во изминатите седум европски натпревари.

Реваншот вечерва во Разград почнува во 19:30 часот, а Шкендија има предност од првата средба од 2:1. Севкупниот победник оди во Лигата на Европа, поразениот ќе игра во Лигата на Конференции.

ПретходноЗвезда до продаде Елшник во Трабзон
СледноУЕФА со специјална награда за Челзи