Во натпреварот за пласман од 17. до 19. место, женската кадетска репрезентација на Македонија, стигна и до првиот триумф. Во натпревар во која нашите млади кошаркарки доминираа од првата до последната минута, и славеа многу важна победа против репрезентацијата на Азербејџан и тоа со 74:68.
Одлично прво полувреме имаа нашите кадетки. Добриот настап го најавивме уште во првиот период, кој го решивме во наша корист со (19:13).
Во исто темпо избраничките на селекторот Оливер Стојмановиќ продолжија и во вториот. Можеби имавме лош процент на реализација во обидите за три поени, но ги имавме поентерски расположените Колева, Грујовска и Анастасова, доволно за да ја зголемиме предноста.
И на крајот од првите 20.минути, да имаме високо водство (40:25).
На средината од третиот период од играта, по поентирањето на Колева, Македонија изгради и највисока предност (50:31).
Нашите девојки не застанаа, напротив, дојдоа до уште поголема позитива (62:39), која противникот до крајот на третата четвртинаа успеа да ја „симне“ на нешто пониски (44:62).
Кадетките на Азербејџан стартувааа со серија од (10-2) во последната делница од мечот, и по само две и пол минути игра, да ја сведат нашата позитива на само 10. поени, (64:54), а потоа и едноцифрено заостаанување (60:68).
Сепак, успеавме да го одбраниме тој налет на ривалот, и да ја забележиме првата победа на првенството во Турција.
А четири наши кошаркарки завршија со десет и повеќе реализации. „Четворката“ ја предводеше Колева, која постигна 19.поени (имаше и пет асистенции и три скока), а двоцифрен број на реализации имаа и Трајковска 11 (плус 10. скока), но и Грујовска и Милосављевиќ кои завршија со 10. реализирани поени. Анастасова имаше девет поени, а Пислевска уште седум во нашата селекција.
Утре, рано изутрина од 08.30 часот, нашата кадетска репрезентација ќе го одигра последниот меч на првенството во Истанбул. Противник е селекцијата на Ирска, која претходно, во оваа „мини лига“ на три селекции кои се борат за пласман од 17. до 19. место, загуби минимално од Азербејџан.