УЕФА потврди: Финалињата во ЛШ никогаш повеќе од 21 часот!

315
ФОТО: UEFA.COM

УЕФА и дефинитивно одлучи финалињата во Лигата на Шампионите никогаш веќе да се не играат во 21 часот. Новиот термин е 18 часот.

Ова ќе почне да важи за финалето за тековната сезона кое се игра на „Пушкаш Аренат“ во Будимпешта на 30 мај следната година.

Ова го потврди претседателот на УЕФА, Александер Чеферин:

Со оваа промена, го ставаме искуството на навивачите во срцето на нашите планови. Финалето на Лигата на шампионите е клучен момент од фудбалската сезона, а новото време на почеток ќе го направи уште подостапно, инклузивно и важно за сите вклучени. Додека терминот во 21 часот е посоодветен за натпреварите во средината на неделата, пораното започнување на финалето во сабота значи порано завршување на натпреварот, без оглед на можните продолженија, пенали. И им дава на навивачите поголема можност да уживаат со остатокот од своето семејство, пријатели, гледајќи ја најважната сезона на натпревари“, објасни Чеферин

ПретходноЛЕ плеј – оф: Сега и Шкендија се прашува!
СледноГаштаров „гази“ за Ц.Звезда, четири гола во серија