Њукасл го договорил трансферот на 23-годишниот напаѓач Ник Волтемаде од Штутгарт. Договорот доаѓа откако популарните „шваби“ ја прифатија понудата на „страчките“.
Според Фрабрицио Романо, напаѓачот се согласил да се пресели во англискиот клуб кој ќе плати 80 милиони евра за него плус бонуси. Волтемаде ќе биде подложен на медицински прегледи во Англија во следните 24 часа.
Ова лето, медиумите активно известуваа за желбата на Баерн да го добие младиот германски репрезентативец, но сумата која ја понудил Њукасл за него минхенци сигурно немаше да ја платат.
Минатата сезона, Волтемаде одигра 33 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 17 гола и запишувајќи три асистенции.