ВМФЛ: Беласица и Скопје вечерва во Струмица ќе играат под рефлектори!

97

Вечерва од 19:30 часот на стадионот “Благој Истатов“ во Струмица, се игра последниот меч од 2.коло во ВМФЛ, а се среќаваат Беласица и Скопје. Интересно е тоа што почетокот е закажан за 19:30 часот, што значи ќе се игра во вечерен термин под рефлектори.

Овој стадион е еден од ретките во Македонија на кој може да се играат вечерни мечеви, а вечерва ќе играат второлигаши.

Инаку Беласица на стартот од сезоната одигра 1:1 во Охрид, додека четата на стратегот Александар Таневски успеа да слави дома против Слога (В) со 1:0.

Во случај на победа, тогаш “пиратите“ заедно со Шкендија Арачиново ќе бидат единствени кои што ќе имаат две победи во првите две кола.

Пред овој вечерашен меч еве како изгледа табелата:

Шкендија (А) 6, Осогово 4, Брегалница 4, Кожуф 4, Детонит 3, Слога (В) 3, Скопје 3, Новаци 3, Тетекс 3, Вардар (Н) 3, Саса 2, Беласица 1, Охрид 1, Победа 1, Преспа 0 и Г. Коњари 0.

Скопје и Беласица имаат по еден меч помалку.

ПретходноЧаби Алонсо за играчите кои досега немале минутажа:“На сите им го кажав истото!“
СледноМиловановиќ: Овој тим на Тиквеш заслужува и може многу повеќе