ЕП 2025: Италијанците подобри од БиХ, Полска се радуваше по третпат

22
фото: fiba.basketball

Кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина беше поразена од Италија со 96:79 во мечот од 3. коло на Евробаскетот. Иако одиграа добар меч, Босанците на крајот не успеаја да извлечат добар резултат.

Босанците немаа одговор на шутот на Италија, што беше и главното оружје на „аѕурите3 за победа. Неверојатниот Симоне Фонтекио со 33 поени, осум скока и три асистенции беше најдобар во победничкиот тим, додека Дариуш Томпсон и Марко Спису додадоа по 14. За БиХ, Јусуф Нуркиќ постигна 19 поени.

Во исклучително неизвесен меч до самиот крај, Полска ја запиша третата победа во групата „Д“. Вечерва Полјаците во Катовице беа подобри од Исланд со 84:75 и со тоа си го потврдија местото во осиминафиналето.

ПретходноУдинезе го шокираше Интер во Милано, Лацио убедлив против Верона (ВИДЕО)
СледноОфицијално: Цимикас е ново засилување за Рома