Константинос Цимикас и официјално се пресели во Рома. Италијанскиот прволигаш го потпиша 29-годишниот дефанзивец на Ливерпул на позајмица до крајот на сезоната.
Според информацијата, Рома ќе ја покрие целата плата на играчот до јуни, а потоа добива шанса за откуп на неговиот договор.
Цимикас одигра 18 натпревари во Премиер лигата минатата сезона и имаше една асистенција.