Фантастичниот Томовски со 20 одбрани на стартот од втората Бундеслига!

137
ФОТО: instagram/ 2handballbundesliga

Фантастична партија на Мартин Томовски на голот на својот Битигхајм на стартот на втората Бундеслига. Имено македонскиот репрезентативец успеа да запише неверојатни 20 одбрани во меч од 1.коло во новата сезона и тоа против Еллбфлоренц и тоа на гости.

Секако дека после ваква партија неговиот тим победи со 24:28.

Треба да се каже дека од тие 20 одбрани, три беа пенали, и токму во клучните моменти на овој натпревар.

Мартин Томовски блескаше и во текот на подготовките, секако дека тој ќе биде еден од клучните адути на Битигхајм во битката за враќање во елитата.

ПретходноИсториски успех на Форца: Футсал тимот од Куманово се пласира во главната групна фаза во ЛШ!
СледноТрансфери: Челзи се пофали со Гарначо! Исак ќе заврши во Ливерпул а Пакета во Астон Вила?!