Барселона спаси бод на гостувањето во Ваљекас

223
фото: Rayo Vallecano (X)

Екипите на Рајо Ваљекано и Барселона ремизираа со 1:1 во вечерашниот натпревар од шпанската Ла Лига. Избраниците на Ханси Флик одиграа подпросечен натпревар и дури во второто полувреме беа приморани да се бранат и да спасуваат бод со Рајо.

Резултатот го отвори Ламин Јамал од крајно дискутабилен пенал во 40-тата минута. До крајот на првиот дел Барса имаше уште една одлична шанса преку Дани Олмо кој од непосредна близина не успеа да го матира Батаља. Во второто полувреме Рајо беше далеку подобар противник и постигна три гола од кои два беа поништени поради офсајд, а единствениот кој вредеше го постигна Фран Перез во 67-та минута. Вреди да се напомене и дека Рајо имаше голем број на зицери кои не ги искористи.

Со овој резултат Барса се наоѓа на 4-тото место со 7 бода, а Рајо Ваљекано се наоѓа на 10-тата позиција со 4 бода.

ПретходноОфицијално: Цимикас е ново засилување за Рома
СледноНовак Ѓоковиќ испиша историја на УС Опен