Официјално: Цимикас е ново засилување за Рома

105
фото: AC Roma (X)

Константинос Цимикас и официјално се пресели во Рома. Италијанскиот прволигаш го потпиша 29-годишниот дефанзивец на Ливерпул на позајмица до крајот на сезоната.

Според информацијата, Рома ќе ја покрие целата плата на играчот до јуни, а потоа добива шанса за откуп на неговиот договор.

Цимикас одигра 18 натпревари во Премиер лигата минатата сезона и имаше една асистенција.

ПретходноЕП 2025: Италијанците подобри од БиХ, Полска се радуваше по третпат
СледноБарселона спаси бод на гостувањето во Ваљекас