Богдановиќ ја напушти репрезентацијата на Србија, на соиграчите им порачал една работа!

181
ФОТО: FIBA.COM

Капитенот на репрезентацијата на Србија, Богдан Богдановиќ, тргна кон Белград, откако поради повреда за него заврши Европското првенство.

Богдановиќ како капитен го одржал последниот говор и од Рига тргнал кон главниот град на Србија. Бидејќи во овој термин нема редовни летови, бил обезбеден приватен лет, затоа што Богдановиќ мора набргу да се јави кај лекарите во Лос Анџелес, каде што го чекаат стручњаците од неговиот клуб, ЛА Клиперс, кои ќе бидат задолжени за неговото заздравување. Рехабилитацијата се очекува тоа да трае до шест недели.

Во својата проштална порака до соиграчите, Богдановиќ им порача „се гледаме во финале“, па останува да видиме дали „Орлите“ ќе се домогнат до финалето без него и дали тој планира евентуално да се појави во Рига на 14 септември, доколку Србија стигне до таму, за да ги бодри своите соиграчи.

ПретходноГотово е! Комплетиран е најголемиот трансфер во историјата на Премиер-лигата
СледноФК Вардар и официјално ги завери репрезентативците на Уганда