Вулверхемптон го „лапна“ најдобриот стрелец во Белгија

104

Во последниот ден од преодниот рок, екипата на Вулверхемптон го купи најдобриот стрелец во белгиското првенство. Англискиот клуб го објави трансферот на 24-годишниот напаѓач на Генк, Арокодаре. Страните потпишаа 4-годишен договор со опција за продолжување за уште една сезона.

Претходно беше објавено дека договорот ќе биде вреден 27 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите. Арокодаре беше најдобар стрелец во белгиската лига минатата сезона, постигнувајќи 21 гол на 40 натпревари.

ПретходноНов клуб за репрезентативецот: Александар Љафтов потпиша за кувајтскиот вицешампион
Следно„Црвено-црните“ активираа „БОМБА“: Давид Бабунски потпиша за Вардар!