Гаштаров: Како генерација имаме многу квалитет, желбата ни е Европско првенство

185

Македонската репрезентација до 21. Година денеска ги стартуваше подготовките за новиот квалификациски циклус. За нас истиот почнува во Полска со која што селекција играме на 5 септември, а потоа на 9. Септември во Битола ја пречекуваме Италија. Распоредот за нас вели дека играме во првите два дуела играме со фаворитите во групата што секако за нас е само мотивација и ништо повеќе.

„Нормално дека очекуваме да одиме на Европско првенство. Имаме голем предизвик пред себе. Играме против две мнгоу сериозни и квалитетни репрезентации, Полска и Италија. Ние од друга страна, имаме како генерација, многу квалитет и големо срце. Одлично се подготвуваме, секогаш сме среќни кога сме дел од националниот тим, што е многу важно за тимскиот дух. На тренинзите и на мечевите се чувствуваа сплотеност и желба и тоа многу значи. Одиме да се надигруваме со сите, одиме да победуваме и да му донесеме многу радост на македонскиот народ“ – изјави Матеј Гаштаров

ПретходноРепрезентативците го одработија првиот тренинг пред двомечот со С. Арабија и Лихтенштајн (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноПотврдено: Расмус Хојлунд го облече дресот на Наполи (ФОТО)