Србија убедливо ја совлада Чешка во четвртото коло од групната фаза на Евробаскетот со 82:60. Веќе по првите 10 минути од играта, беше јасно во кој правец ќе оди овој натпревар, со оглед на тоа што Србија постигна 27 поени во првата четвртина.
Аврамовиќ со 14 и Петрушев со 13 поени беа најефикасни во составот на србија, додека кај Чесите Бохачик постигна 12 поени.
Кошаркарите од Литванија славеа со 81:78 во дербито со Финска и обезбеди место во осминафиналето. Јокубаитис помина 26 минути на теренот пред да се повреди и со 16 поени беше најефикасен во победничкиот тим. Ниту 19 поени од Лаури Марканен, кој беше најефикасен во својот тим, не ѝ помогнаа на Финска да избегне пораз.
Летонија претходно ја победи Португалија со 78:62, додека Германија имаше историски најубедлива победа на Европско првенство декласирајќи ја В. Британија со 120:57.