ЖФК Истатов со двоцифрена победа во дуелот против ЖФК Вардар

52
фото: WC Istatov (Facebook)

Во Првата женска фудбалска лига викендов на програмата беше некомплетното трето коло.

Во четири одиграни меча по две победи за гостинските и домашните екипи, а најубедлив беше составот на ЖФК Истатов со триумфот од 11:0 во соочувањето со ЖФК Вардар.

По два пати меѓу стрелците се впишаа Севим Иљаз, Кристина Петрушевска и Меланија Грозданова, а по еден погодок постигнаа Ива Здравевска, Елма Шемсовиќ, Миа Головска и Андреа Коловска.

Гостинска победа забележа ЖФК Топ Гол по триумфот над ЖФК Речица со 5:3.

ЖФК Скопје ја совлада ЖФК Тиверија Брера со 2:1 додека АС Јунајтед славеше над ЖФК Каменица Саса со 2:0.

Поради настапот во квалификациите за пласман во Лигата на шампионките, ЖФК Љуботен натпреварот против ЖФК Кочани ќе го одигра на трети септември.

ПретходноОфицијално: Арсенал го доби и Хинкапи (ФОТО)
СледноЧави е прв фаворит за нов тренер на Баер (Л)