Зајков: Мечот против Лихтенштајн е исклучително важен

72

Во пресрет на двата дуела кои и се на програмата на фудбалската репрезентација на Македонија, нашиот национален тим денеска на пладне го имаше собирот по повод дуелите со С.Арабија односно Лихтенштајн.

Првиот дуел ќе биде од пријателски карактер и секако треба да послужи дополнително да се воиграме и да пронајдеме нови решенија кои што ќе ни донесат успех.

Потоа, она што е поважно, следува квалификацискиот дуел против Лихтенштајн во Скопје, на 7 септември, дуел кој е клучен во оваа Мундијалска кампања.

„Без разлика што првиот дуел е пријателски, ние во принцип на секој меч излегуваме и даваме максимум. Така, на тој начин, си ја билдаме и атмосферата и го дигаме квалитетот. Со победи ќе добиеме и повеќе репспект на меѓународна сцена. Ќе не почитуваат повеќе. Секако, главна цел е успех на дуелот со Лихтенштајн кој ни значи многу во моментов“ – рече изјави Ѓоко Зајков на почетокот на подготовките на репрезентацијата на Македонија.

ПретходноФФМ со рекордна донација на опрема за 1.848 деца од младински екипи
СледноСобир и на Македонија У21….Станиќ: Подготвени сме за стартот на квалификациите