Алкалоид во следните денови по пристигнувањето во Скопје ќе работи на корекција на сето она што беше причина за високиот пораз од Хановер во рамките на првиот квалификациски меч за пласман во групната фаза во Европската лига.
Сите во редовите на актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп е дека на гостински терен не го покажале вистинското лице и се надеваат на подобро издание во Скопје. Реваншот се играч на 6. септември во салата во Автокоманда (19:30 часот), пред средбата Алкалоид и официјално ќе го добие европскиот пехар.
„Главен фактор за овој пораз беа нашите промашени зицери. Имавме доста промашени шанси, ако ги реализиравме тие моменти, резултатот ќе беше поинаков. Сметам декаа може многу да се поправиме во тој сегмент, да ја вратиме самодовербата и можеме до многу подобар резултат на реваншот иако против нас имаме квалитетен тим од Бундеслигата. Мислам дека ова не беше нашето вистинско лице, верувам дека сме подобар тим и може да се прикажеме во подобро светло на реваншот“, изјави Ненад Костески.