Македонската А репрезентација ги започна подготовките за претстојните натпревари, контролен против Саудиска Арабија (04. септември, Прага) и Лихтенштајн (7. септември, Скопје) од квалификациите за СП 2026.
Поради повреда, Димитар Митровски нема да биде дел од септемвриските пресметки. Фудбалерот од средниот ред на Олимпија Љубљана ќе ги пропушти натпреварите поради повреда на задната ложа здобиена на загревање пред синоќешниот натпревар од словенечкото првенство. На првиот тренинг отсуствуваа Елиф Елиф Елмас и Дарко Чурлинов, двајцата утре ќе се стават на располагање на селекторот Милевски.