Македонската фудбалска репрезентација денеска го има собирот за претстојниот квалификациски прозорец во месец септември, кои што секако е дел од Мундијалските квалификации.
Селекторот Милевски денеска го одржа собирот најпрви за дуелот против Саудиска Арабија кој што се игра во Прага и кој што е од пријателски карактер на 4 септември, а потоа следува секако и оној поважниот меч, а тоа е оној квалификацискиот против Лихтенштајн на 7 септември на домашен терен на Арената Тодор Проески.
Како што е добро познато, ние имаме сериозна шанса за добар резултат во оваа кампања, и по четири кола сме лидери со осум бодови на табелата.