Новак Ѓоковиќ на 38-годишна возраст, испиша историја со победата од 6:3, 6:3, 6:2 над Јан-Ленард Штруф во осминафиналето на US Open, бидејќи стана најстариот играч кој успеал да стигне до четвртфинале на сите четири Гренд слема во една сезона. Со оваа победа, Ѓоковиќ се пласираше во своето 64-то Гренд слем четвртфинале, зголемувајќи го рекордот кој веќе му припаѓа, а има можност да освои и рекорден 25-ти Гренд слем трофеј.
Ѓоковиќ доминираше од првиот гем, шест пати одземајќи го сервисот на 35-годишниот Германец во меч кој траеше 109 минути. Штруф, кој е 144-ти на светската ранг-листа, победи над три носители за првпат да се пласира во четвртото коло на УС Опен, но не успеа сериозно да го загрози српскиот тенисер.
За време на мечот, Ѓоковиќ побара физиотерапевтска помош за десното рамо и подлактицата при промените на сервисот, но не изгледаше премногу вознемирен од проблемите и освои 79% од поените на првиот сервис.
Српскиот тенисер е поставен како седми носител на последниот Гренд слем турнир оваа година, а за место во полуфиналето ќе игра против домашниот претставник и четврти носител Тејлор Фриц.
Ice cold return from Novak 😰
Seen that before. pic.twitter.com/Aw9FEamg4I
— US Open Tennis (@usopen) September 1, 2025