Официјално: Исак, конечно, го облече дресот на Ливерпул (ВИДЕО)

59
фото: LiverpoolFC (X)

Ливерпул го комплетираше трансферот на Александар Исак од Њукасл Јунајтед. Исак им се приклучува на шампионите од Премиер лигата како нивен нов играч со број 9 со долгорочен договор, кој го потпиша откако успешно ги помина медицинските прегледи.

Набргу откако го финализираше својот трансфер во тренинг центарот, 25-годишниот напаѓач за Liverpoolfc.com изјави: „Се чувствувам неверојатно. Беше долго патување за да стигнам до тука. Но, супер сум среќен што сум дел од овој тим, овој клуб и сè што тој претставува. Тоа е нешто на што сум горд и навистина се радувам на тоа. Среќен сум што е готово и што можам да се вратам на тренинг. Со нетрпение очекувам да ги видам моите соиграчи и навивачите и да се вратам на теренот“, вели Исак.

Летната трансфер сага конечно заврши. Ливерпул ќе плати 130 милиони фунти за Швеѓанецот, кој ќе биде моторна сила во нападот на „црвените“.

ПретходноВиса е новата „деветка“ на Њукасл, се чека Ливерпул да го претстави Исак
СледноФулам го доби Чуквуезе од Милан на позајмица со право на откуп