Официјално: Чурлинов е нов фудбалер на Кочаелиспор (ФОТО)

183

Како што утрово објави „СпортСпорт“, македонскит фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов е ново засилување за турскиот прволигаш Кочаелиспор. Турскиот клуб попладнево во завршницата на европскиот трансфер период го потврди трансрферот.

Договорот на нашиот репрезентативец со Кочаелиспор е во период од две години. Чурлинов имаше активен договор со Барнли кој е завршен, па сега заминува во Турција каде се надева на подобра минутажа.

Минатата сеозна Дарко настапуваше како позајмен во полска Јагиелонија.

ПретходноРаботнички против Шелбурн во младинската Лига на УЕФА
СледноМакедонија без Митровски за дуелите со С. Арабија и Лихтенштајн