Актуелниот тренер на Брера Струмица, Панче Стојанов денеска си поднел оставка на позицијата. Според информациите, тој ја предал оставката до клупското раководство, но засега нема одговор дали истата ќе биде прифатена.
Брера Струмица од почетокот на сезоната во ПМФЛ има две ремија, против Вардар и Тиквеш и претходно два порази. Струмичани се наоѓаат на 10. место на табелата и доколку нешто не се промени, сигурно ќе водат грчевита битка за опстанок.