На првата денешна прозивка на репрезентацијата на Македонија, по повод септемврискиот квалификациски прозиорец во кој најпрво спарингуваме со Саудиска Арабија во Прага на пријателскиот дуел, а потоа доаѓаме во Скопје да го пречекаме националниот тим на Лихтенштајн во рамките од Мундијалските квалификации, се појави и едно ново лице.
Елмин Растодер од Швајцарски Тун, кој што е наше засилување за напаѓачките редови.
„Секако дека сум пресреќен што сум овде. Македонија ме повика и немав дилеми дали да пристигнам. Благодарност што ме испочитуваа. Македонија има доба репрезентација, веќе се запознавам со сите. Имаме пред себе два дуела, еден пријателски еден квалификациски во кој нормално дека ќе ја чекам својата шанса. Кога ќе ја добијам се надевам дека ќе ја искористам. Досега ниту една репрезентација ме нема контактирано, Македонија е првата која што се сети на мене“ – изјави Елмин Растодер, новиот репрезентативец на Македонија