Случаен сплет на несреќни околности или нешто повеќе, се прашува утрово целата шпанска спортска јавност. Повод е ремито на Рајо и Барселона (1:1) во третото коло на Ла Лига, односно пеналот кој во гол во 40. минута го претвори Јамал.
Не само што основа за пенал немаше по стартот на Чаварија, туку судијата Матео Бускетс немаше начин својата одлука дополнително да ја провери.
Причината е во дефектот на VAR системот, со кој имаше проблеми уште од почетокот на мечот – мала утеха за домаќините.
Рајо успеа да изедначи во продолжението и да стигне до бод, а за нешто повеќе се спречи одличниот Гарсија меѓу стативите на каталонскиот тим.
По мечот, Иси Паласон, асистент во голот на Рајо, изјави дека судијата Бускетс им потврдил дека пеналот над Јамал не постоел:
„Судијата ни призна дека не беше пенал! Секогаш истата работа против истиот тим“, бесен беше Паласон.
Барселона по три меча има седум бода и заостанува зад водечките Реал и Атлетик Билбао, два тима со по три победи.