Македонската фудбалска репрезентација до 21. година, денеска во хотел Парк го одржа својот собир по повод стартот на квалификациите кои започнуваат со септемврискиот прозорец.
Нашиот национален тим има задача најпрво да заработи поволен резултат на гостувањето во Полска, во Краков на 5 септември, а потоа во второто коло да се спротивстави адекватно против фаворитот Италија на 9 септември во Битола.
„Сметам дека сме подготвени за стартот на квалификациите. Ова е наш трет собир, по оние во Анталија, односно мечевите против Косово. Имаме квалитетна генерација, со доста квалитет, и убеден сум дека со доста залагање и труд тоа ќе го покажеме и на терен. Имаме како што реков и претходно малку проблем со реализацијата, на овој собир ќе поработиме на тоа. Полска е нашиот прв противник. Анализирани се. Квалитетни се. Имаат поединци од домашниот шампионат но и од други шампионати. Селектирани се квалитетно но и ние имаме свои адути и квалитети“ – изјави селекторот на У21 репрезентацијата на Македонија, Горан Станиќ.