Во пресрет на стартот на сезоната и во третите лиги, поточно во регионот Југ клубовите полека но сигурно привршуваат со подготовките.
Во насока на што подобра организација на ова натпреварување, денеска Фудбалската Федерација на Македонија, претставена од потпретседателот Марјан Стојкоски, им додели на сите екипи од оваа конкуренција, по дваесет топки кои ќе послужат за одигрување на мечевите, а секако и за тренинзи на екипите.
Регионите се секако коренот на нашиот фудбал, како што е впрочем секаде во светот, и мора истите максимално да се испочитуваат и да добијат поддршка на секој можен начин.