ФК Вардар ги официјализираше двете најавени засилувања, кои се дел од репрезентацијата на Уганда.
27-годишниот центарфор на репрезентацијата на Уганда, Фахад Бајо е едно од двете нови засилувања. Бајо кој има 22 настапи и 8 постигнати гола за репрезентацијата на Уганда ќе го засили вардаровиот напад и ќе стане соиграч на еден од најдобрите фудбалер на „црвено-црните“, а негов сонародник, Роџерс Мато.
Бајо минатата сезона ја мина во Европа и играше за чешкиот клуб Вишков. Откако го заврши договорот со Чесите замина во Етиопија во екипата на Волвало. Од таму сега ќе се врати во Европа и го облече дресот на Вардар.
Покрај Бајо и Мато, во дресот на Вардар ќе заигра уште еден фудбалер од Уганда. Станува збор за 23-годишниот централен стопер Муса Раматан, кој исто како и Бајо минатата сезона го носеше дресот на чешки Вишков. И тој во Скопје доаѓа од екипата на Волвало од Етиопија.
Тој досега има еден настап за репрезентацијата на Уганда.