Откако заврши викенд колото во домашниот второлигашки шампионат, тимот на Охрид Лихнидос излезе со соопштение по повод настаните пред, за време и по завршувањето на мечот на гостувањето кај Шкендија Арачиново.
Соопштението ви го пренесуваме во целост.
За саботниот натпревар против екипата на Шкендија Арачиново одигран на теренот Фортуна Хасан Бег.
Никогаш не сме барале алиби за поразите во минатото, а така ќе биде и овој пат. Меѓутоа сакаме да укажиме на низа неправилности кои ни се случуваа на натпреварот.
Гостопримството на домаќинот траеше се до нашето водство во 5-тата минута после која почна дивеењето на дел од управата, на обезбедувањето, на публиката и ред други цивилни лица кои беа на теренот а незнаеме која беше нивната функција. Од страна на домашната екипа беа најавени амбиции за влез во прва лига а целата организација на овај натпревар беше на ниво пониско од третата македонска лига и наликуваше на селски фудбал. На нашиот тренер после водството му беа упатувани ред закани од неидентификувани лица кои што мечот го следеа од теренот на неколку метри од нашата клупа, а на сето тоа делегатот остана нем. По црвениот картон кој му беше доделен на Гоце Толески, тој беше вербално нападнат и буквално исфрлен од стадионот од страна на обезбедувањето и не му беше дозволено да влезе во соблекувална да се преоблече, само поради неговата присебност не дојде до ескалација на случувањата. Нивото на судијата Стојанов и неговите помошници беше идентично со нивото на организацијата која што наликуваше на натпревар од пред неколку децении. Во текот на целото второ полувреме недостасуваа топки позади головите и по страните, буквално се играше со една топка, а при укажување кај четвртиот судија, тој ни кажа дека нивната комуникација не е поврзана електронски како што е тоа случај во претходни натпревари. Нашиот капитен реагираше кај делегатот поради недостатокот на топки, при што доби одговор „играјте и ќутете“. Публиката во текот на целиот натпревар употребуваше пиротехнички средства кои беа фрлани на теренот помеѓу нашите играчи, а исто така во повеќе наврати беа фрлани разни предмети, за кој ние како клуб на секој натпревар имаме стриктна забрана за внесување.
Повторно ќе напоменеме дека не бараме алиби за поразот и понатака ќе продолжиме да се однесуваме професионално и на сите екипи кои гостуваат кај нас ќе им овозможиме крајно гостопримство како што тоа било до сега а воедно бараме вакво нецивилизирано и насилничко однесување да не се повтори, македонскиот фудбал треба да оди нанапред а не да се враќа неколку децении назад.
Спортски поздрав – ГФК Охрид Лихнидос