По три одиграни кола четири екипи имаат максимален број на бодови. Лидерот Македонија ЃП ја забележа најубедливата победа совладувајќи ја Струга Трим Лум со 13:0.
Троен стрелец во домашната екипа беше Марио Костиќ, а по два пати прецизни беа Фидан Шерифи и Аљман Етеми.
Работнички славеше над Башкими со 7:0, а по два пати во листата на стрелците се запишаа Дитмир Хоџа и Фуад Керими.
Шкупи третиот последователен триумф го забележа во соочувањето со Скопје откако на домашен терен забележа победа од 7:0. Тарик Керими и Аритон Мехмед по два пати ги совладаа противничкиот голман.
Еден гол им беше потребен на фудбалерите на АП Брера да освојат нови три бода на гостувањето против Пелистер.
Вардар славеше над Тиквеш со 8:1, а дуелот го одбележа Мартин Јанчевски кој три пати ја погоди мрежата на противникот.
Њу Старс како домаќин го совлада Тетекс со 6:0, Шкендија беше поуспешна од Арсими забележувајќи победа од 5:1, а на единствено немаше победник на натпреварот меѓу Охрид Лихнидос и Брегалница кој на крајот заврши со три постигнати гола на двете страни.
Младинска Супер лига – Резултати 3. коло
ВАРДАР – ТИКВЕШ 8:1
ПЕЛИСТЕР – АП БРЕРА 0:1
РАБОТНИЧКИ – БАШКИМИ 7:0
ШКЕНДИЈА – АРСИМИ 5:1
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА 13:0
ШКУПИ – СКОПЈЕ 7:0
ЊУ СТАРС – ТЕТЕКС 6:0
ОХРИД – БРЕГАЛНИЦА 3:3