Актуелниот шампион, тимот на Шкендија предмалку го промовираше искусниот дефанзивец Егзон Белица за нов свој член.
Досегашниот играч на Работнички е засилување за тетовци во пресрет на настапот во групната фаза од Лигата на Конференциите, како и предизвиците во домашниот шампионат.
Се работи за искусен дефанзивец кој што долги години е дел од домашниот ПМФЛ шампионат, со излети во Косово, Албанија, Финска, Романија.
Белица во моментов има 34 години и секако дека ќе биде важна алка во ротацијата на Јетон Беќири сезонава.