ЕП 2025: Србија и Литванија си резервираа место во осминафиналето

30
фото: fiba.basketball

Србија убедливо ја совлада Чешка во четвртото коло од групната фаза на Евробаскетот со 82:60. Веќе по првите 10 минути од играта, беше јасно во кој правец ќе оди овој натпревар, со оглед на тоа што Србија постигна 27 поени во првата четвртина.

Аврамовиќ со 14 и Петрушев со 13 поени беа најефикасни во составот на србија, додека кај Чесите Бохачик постигна 12 поени.

Кошаркарите од Литванија славеа со 81:78 во дербито со Финска и обезбеди место во осминафиналето. Јокубаитис помина 26 минути на теренот пред да се повреди и со 16 поени беше најефикасен во победничкиот тим. Ниту 19 поени од Лаури Марканен, кој беше најефикасен во својот тим, не ѝ помогнаа на Финска да избегне пораз.

Летонија претходно ја победи Португалија со 78:62, додека Германија имаше историски најубедлива победа на Европско првенство декласирајќи ја В. Британија со 120:57.

ПретходноЧави е прв фаворит за нов тренер на Баер (Л)
СледноВиса е новата „деветка“ на Њукасл, се чека Ливерпул да го претстави Исак