Бојан Миовски, кој пред само два дена го реализираше својот голем трансфер во шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс, денеска пред првиот тренинг на нашата репрезентација во Скопје, ги сподели своите очекувања од натпреварите до националниот тим.
„Имаме позитивна форма во репрезентацијата, се надевам дека ќе го продолжиме тој добар ритам и на натпреварите кои ни следуваат. Треба добро да се подготвиме за Саудиска Арабија која е многу сериозна репрезентација, а потоа максимално да се фокусираме на Лихтенштајн. Денеска нема слаби селекции и однапред добиени натпревари“, вели Миовски.
Македонија во четврток во Прага игра тест-меч со Саудиска Арабија, а в недела во Скопје во рамките на квалификациите за СП 2026 се среќаваме со Лихтенштајн.