Официјално: Елиф Елмас се врати во Наполи

104

Предмалку тимот на Наполи и официјално го претстави Елиф Елмас како ново засилување на крајот од преодниот рок. Официјалниот кам бек на македонскиот репрезентативец и интернационалец во Неапол, се дочекува со воодушевување, затоа што тој е еден од милениците на навивачите на овој клуб уште во сезоната кога беше освоена титулата.

Елмас се враќа по неуспешната епизода во Ред Бул Лајпциг каде што немаше ама баш никаква улога и каде што неговиот престој може слободно да се одбележи како промашување.

Сепак, Наполи е тука да му даде втор шанса што се вели на нашиот интернационалец и да му помогне да ја врати старата препознатлива форма.

 

ПретходноЧетири екипи со максимален учинок во Младинската Супер лига
СледноЃоковиќ: Сонувам за уште еден Гренд слем…