ФФМ со рекордна донација на опрема за 1.848 деца од младински екипи

103
Фото: ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска реализира рекордна донација на спортска опрема за екипите од младинските категории во натпреварувачкиот систем на ФФМ. Вкупно 42 екипи кои настапуваат во Супер младинската лига, Втората и Третата младинска лига добија по 44 комплети опрема (тренерки, маици и шорцеви за тренинг, ранци), како и по 30 фудбалски топки.

Вкупно 1.848 деца се опфатени со оваа донација, чија вредност изнесува околу 150.000 евра, обезбедени целосно од средствата на ФФМ.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ заедно со Горан Пандев, Агим Ибраими и Ѓорги Христов ги поздравија присутните претставници на клубовите во „Куќа на фудбалот“ и упатија порака за континуирана поддршка и соработка.

„Со особена гордост ја предаваме спортската опрема за младинските категории на 42 екипи, односно опрема за 1848 деца од младинските клубови. Ова е прв пат ФФМ да реализира донација од ваков обем за младинските категории, што уште еднаш ја потврдува нашата определба кон иднината. Нашата цел е јасна, младите фудбалери да имаат најдобри можни услови за развој, а клубовите да бидат ослободени од дополнителни трошоци. Сакам да потенцирам дека оваа опрема е наменета исклучиво за децата и клубовите немаат право да им ја наплаќаат на родителите. ФФМ ќе продолжи да прави сè што е потребно за да им помогне на оние кои вложуваат во младинскиот фудбал, затоа што иднината на нашата игра е токму во овие деца.“

Со оваа донација, ФФМ уште еднаш ја потврдува својата стратегија за системска поддршка и развој на младинскиот фудбал, како темел на идните успеси на македонската репрезентативна и клупска сцена.

Во продолжение, екипите кои учествуваа во распределбата на спортска опрема и фудбалски топки од донацијата на ФФМ:

ПРВА СУПЕР Лига:

АП Брера Струмица, Вардар, Пелистер, Работнички, Шкендија, Македонија Ѓ.П. Шкупи, Њу Старс, Охрид Лихнидос, Брегалница 2008, Тетекс, Скопје, Струга Трим Лум, Арсими, Башкими, Тиквеш;

ВТОРА Лига:

Победа, Беласица, Детонит Плачковица, Силекс, Ренова, ССК Нова, Шкендија (А), Куманово, Кул Здравје, Кожуф Гевгелија;

Трета лига –  пионери:

Фортуна Скопје, Биџо Куманово, Гроздановски, Новаци, Ускана Кичево, Големо Коњари, Преспа, Љуботен;

Трета лига – помлади пионери:

Фортуна Скопје, Биџо Куманово, Гроздановски, Новаци, Ускана Кичево, Големо Коњари, Преспа, Љуботен;

ПретходноРастодер: Македонија е добра репрезентација, со сите сили ќе се обидам да се наметнам
СледноЗајков: Мечот против Лихтенштајн е исклучително важен