Македонскиот репрезентативец Бојан Илиевски ќе биде следното големо засилување на екипата на Вардар пред крајот на преодниот рок летово. Во моментов десниот бек на екипата на Струга Трим Лум ќе ја засили дефанзивата на Вардар како уште еден голем плус во насока на градењето на супер црвено црн тим за претстојната сезона.
По Давид Бабунски и неговата вчерашна промоција Илиевски е следното големо нешто во Вардар. Интернационалните од Уганда како и самиот Бабунски, во превод значат само едно. Супер Вардар кој атакува на титулата и на се останато што ќе му се понуди на менито на најтрофејниот македонски фудбалски колектив.