Синер во четвртфинале на УС Опен, Бублик: Тој е како вештачка интелигенција

80
фото: Wimbledon (X)

Бранителот на титулата на US Open, Јаник Синер, се пласираше во четвртфиналето на последниот Грен слем турнир оваа година, откако го декласираше Казахстанецот Александер Бублик со 6:1, 6:1, 6:1 за само еден час и 21 минута, што е втората најбрза победа на турнирот годинава. По мечот, Бублик го опиша својот противник како играч „вештачка интелигенција“, пишува bbc.com.

Само неколку минути по поразот, 23-от носител Бублик на објавата на Instagram од US Open за резултатот прокоментира само со „AI“, повторувајќи го описот што му го даде на Синер и пред мечот од четвртото коло во понеделник. Бублик е еден од само двајцата тенисери кои успеаја да го победат Синер сезонава, но 24-годишниот Италијанец во Њујорк не дозволи никакво изненадување.

Можеби единствената утеха за Бублик беше фактот дека избегна најбрз пораз на турнирот. Откако спаси три брејк-топки при резултат 4:1 во последниот сет, успеа да го продолжи мечот над еден час и 20 минути – колку што му требаше на Томаш Махач во првото коло да го победи Лука Нарди. Во четвртфиналето Синер го очекува сонародникот, 10-от носител Лоренцо Музети.

ПретходноСИТЕ ТРАНСФЕРИ: Исак во дресот на Ливерпул, Баерн го доби Џексон, Елмас во Наполи…
СледноСловенците го анализираат Евробаскетот: Фантастичен Дончиќ и невидена мака