Вториот рекет, Карлос Алкараз, обезбеди полуфинале на УС Опен откако вечерва во три сета го совлада Чехот Лехецка со 6:4, 6:2, 6:4. Шпанецот досега одигра 15 сета на турнирот и ги доби сите 15, не дозволувајќи да загуби ниту еден. Досега, тој сигурно се покажа како најголем фаворит за титулата од сите кои се претставија пред американската публика.
Алкараз е во полуфиналето на Отвореното првенство на САД по третпат. Тој ја освои титулата во 2022 година, додека во 2023 година, Данил Медведев го сопре во оваа фаза од турнирот.