Сензација на ЕП. Во меч од 4.коло во групата Ц денеска во Лимасол, репрезентацијата на БиХ успеа да ја победи фаворизираната Грција со 80:77 и да и го нанесе првиот пораз на овој шампионат. Додека БиХ ова беше втора победа.
И треба веднаш да се каже дека Грците настапија без својата прва ѕвезда Јанис Адетокунбо кој пред натпреварот се пожали на повреда на коленото.
Грција одлично го отвори мечот, првиот период го доби со 25:19, но веднаш БиХ врати со 25:13 во втората четвртина. Босанците беа подобри и во третата. Грците се обидоа да направат пресврт во последните десет минути, имаше и драма, но сепак БиХ на крајот славеше.
Во вториот попладневен меч, селекцијата на Израел ја победи Белгија со 92:89.