Борче Христов ќе биде новиот тренер на Брера?

349

По денешното официјализирање на оставката и заминувањето на Панче Стојанов од тренерското место во Брера Струмица, веќе се најавуваат неколку кандидати како негов наследник. Според информациите на „СпортСпорт“ прв „пик“ за наследник на Стојанов на кормилото на струмичкиот прволигаш е Борче Христов.

54-годишниот стратег кој зад себе веќе има неколку ангажмани на тренерските места во македонските клубови би требало да го преземе кормилото на Брера. Останува да се почека до официјализација на новото тренерско име на клупата на тимот.

ПретходноХојлунд се чувствува изневерен од Манчестер Јунајтед: Подобар сум од Шешко!
СледноУ19: Во четврток контрола со БиХ во Радовиш