Бојан Илиевски: Кога е нешто добро, не треба да се менува!

270
ФОТО: FFM.MK

Македонската репрезентација ги продолжува подготовките за претстојните натпревари, контролен против Саудиска Арабија (04. септември, Прага) и Лихтенштајн (7. септември, Скопје) од квалификациите за СП 2026. Денеска, на тренингот во 17:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ најдобриот национален состав ќе биде комплетен со пристигнувањето на Елиф Елмас и Дарко Чурлинов. Двајцата во текот на вчерашниот ден официјално потпишаа договори со своите нови клубови, Елмас како повратник во Наполи, а Чурлинов во турски Коџаелиспор.

Бојан Илиевски смета дека контролниот натпревар во Прага против Саудиска Арабија може да биде корисен од аспект на можеби нови комбинации во нашата игра, а мечот со Лихтенштајн особено важен.

Имаме навистина позитивна серија, кога нешто е добро не би требало да се менува и треба да продолжиме да работиме како и досега. Добро се подготвуваме, ќе ни биде од корист и пријателскиот натпревар против Саудиска Арабија, можеби да се пробаат некои нови комбинации, а против Лихтенштајн се надевам дека ќе продолжиме позитивно и во квалификациите. Тој натпревар е многу важен, јавноста можеби не смета нас за фаворити, но покажавме дека и ние кога на хартија не сме фаворити, како против Белгија и Велс дека можеме да изненадиме. Истото може да се случи и против Лихтенштајн, затоа тој меч е особено битен за нас“ истакна Илиевски.

ПретходноОфицијално: Донарума во Манчестер Сити! (ВИДЕО)
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА: МИЛИОН И ДВЕСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТЕНИ ДОБИВКИ ВО АВГУСТ!