Нашиот најтрофеен клуб во последните денови од летниот преоден рок и тоа како се засилува. Откако успеа да донесе двајца интернационалци од Уганда, потоа го потпиша и Давид Бабунски, прашање на часови или денови е потписот на репрезентативецот на Македонија, Бојан Илиевски, а Вардар е пред потпис и со Ведран Ќосевски.
Станува збор за голманот на Струга ТЛ и еден од најдобрите чувари на мрежата во нашата елитна лига.
На стартот од сезона на голманската позиција во Струга ТЛ стартер беше Марко Анџелети, денеска стружани го ангажираа Иван Николоски со цел да се подготват за заминувањето на Ќосевски во Вардар.