„Го продадоа за 145 милиони евра, а се простија со 37 зборови“

264
ФОТО: Newcastle United F.C./FB

Њукасл дури ни не му се заблагодари на Александер Исак за неговите услуги откако тој потпиша за Ливерпул во трансфер кој го урна британскиот рекорд. Во својата објава клубот не ги спомена ни неговите херојски подвизи во финалето на Карабао Купот, ниту пак постигнатите голови, посветувајќи на неговото заминување само 37 зборови, пишува Дејли Мејл.

Исак (25) во понеделник ја заврши летната трансфер сага потпишувајќи долгорочен договор со Ливерпул вреден 125 милиони фунти (144 милиони евра).

Во објавата за заминувањето на Исак, Њукасл напиша:
„Њукасл Јунајтед ја објавува продажбата на напаѓачот Александер Исак на Ливерпул за значителна, рекордна британска трансферна отштета. Шведскиот репрезентативец му се приклучи на тимот од Реал Сосиедад во 2022 година и запиша 109 настапи во сите натпреварувања.“

На врвот од соопштението наведоа дека проценетото време за читање е една минута.

Она што не го споменаа е дека Исак постигна гол во финалето кога во март го освоија првиот трофеј по 56 години. Клубот исто така ја изостави и фактот дека им помогна двапати во три сезони да се пласираат во Лигата на шампионите и дека на 109 настапи постигна 62 гола.

Трансфер сагата на Исак доминираше во текот на летото, особено откако тој го пропушти предсезонското турне по Азија и тренираше самостојно. Вчера пристигна во Ливерпул, ги помина лекарските прегледи, позираше за фотографии во тренинг-центарот и отпатува за Стокхолм за да ѝ се приклучи на шведската репрезентација. Тој потпиша шестгодишен договор со Ливерпул.

ПретходноПешиќ: Ако ги смениме амбициите – ќе не стрелаат!
СледноКакви се овие бројки: 3.870.000.000 причини зошто Англичаните се над сите други, и тоа заедно!