ЕХФ ги објави листите со кандидати за органите на федерацијата за кои ќе се гласа на претстојните избори за Европската ракометна федерација штпо ќе се одржат на 19/20 септември во Австрија.
За 49 отворени места има вкупно 117 кандидати меѓу кои и двајца Македонци.
Генералниот секретар на РФМ, Влатко Тасевски е е номиран за член на EHF Court of Handbal. Освен претседател и двајца потпретседатели ќе има уште члена во ракометниот суд, кандидати има 13.
Не треба да се трошат зборови за Марјан Начевски, кој е кандидат за член на EHF Court of Appeal.
Апелацијата покрај претседател и потпретседател има пет члена, а кандидати има 13.
Михаел Видерер и натаму ќе биде прв човек на ЕХФ со оглед на тоа дека тој е единствен кандидат за таа функција.