Македонскиот голман, Давид Денковски е нов голман на босанскиот тим на Посушје, кој се натпреварува во тамошната Премиер-лига.
26-годишниот Денковски потпиша едногодишен договор со новиот клуб со можност да биде продолжен за уште една.
Денковски во својата кариера бранеше за Вардар, Брера, Пехчево, Брегланица Штип и Шкупи.