ЕП 2025: Словенија се помачи, но победи за осминафинале

62
фото: fiba.basketball

Словенечката кошаркарска репрезентација се пласираше во осминафиналето на Евробаскетот 2025 со победа над Исланд денеска од 87:79.

На крилата на неверојатниот Лука Дончиќ, кој го заврши натпреварот со 26 поени, Словенците со две победи се сигурни патници во елиминациската фаза. Исланд денеск апокажа дека е респектабилен состав кој се до последната минута од мечот беше комплетно во игра дури и за победа.

Во вториот меч одигран попладнево немаше простор за никакво изненадување. Селекцијата на Грузија сосема очекувано стигна до доминантна победа над еден од домаќините на овој шампионат, селекцијата на Кипар со 93:61. Најефикасен во составот на Грузија беше Шенгелија кој постигна 27 поени, додека Битадзе оствари „дабл-дабл“ со 21 поен и 13 скока.

ПретходноБарса доби дозвола од УЕФА да се врати на “Камп Ноу“
Следно Под слоганот „Дали е некој за ракомет?“ започнува новата сезона на „Ракомет За Секое Дете“