Откако пред неколку дена Алпарслан Ердем беше промовиран во нов шеф на струката на Работнички, денеска турскиот стратег го одработи и првиот тренинг. Тука е и Бобан Бабунски како еден од неговите први соработници или асистенти.
Кога сме веќе кај Бабунски да кажеме дека пред 17 години тој веќе беше и шеф на стручниот штаб на Работнички.
Факт е дека пред Ердем е голем предизвик, Работнички по првите три кола има само еден бод, па така на некогашниот стратег на Шкупи нема воопшто да му биде лесно во клубот од Градски парк.