Какви се овие бројки: 3.870.000.000 причини зошто Англичаните се над сите други, и тоа заедно!

96
ФОТО: Liverpool FC/X

Фудбалските клубови од англиската Премиер лига потрошија повеќе од кога било во еден трансфер период

Ова лето, вкупната сума што клубовите ја издвоиле за купување нови играчи ја надмина три милијарди фунти.

До вчера, на последниот ден од трансфер рокот, потрошени беа 2,73 милијарди фунти, но големите трансфери на самиот ден на затворање, предводени од трансферот на Александер Исак од Њукасл во Ливерпул за рекордни 125 милиони фунти, ја подигнаа сумата на неверојатни 3,087 милијарди фунти.

Оваа потрошувачка е далеку поголема споредено со минатото лето, кога клубовите од Премиер лигата потрошија 1,96 милијарди фунти.

Што е уште посебно, оваа вкупна сума е поголема отколку она што заедно го потрошија клубовите од другите лиги: шпанската Ла Лига, германската Бундеслига, италијанската Серија А и француската Лига 1.

Најголеми потрошувачи во Англија

Ливерпул е без конкуренција, потрошувајќи вкупно 415 милиони фунти, со што е соборен рекордот за најголема сума потрошена од еден клуб во еден трансфер период (претходниот рекорд го држеше Челси со 400 милиони во 2023 година).

Покрај рекордерот Исак, Ливерпул ги доведе:

  • Флоријан Вирц – 116 милиони фунти
  • Уго Екитике – 79 милиони фунти
  • Џереми Фримпонг – 29,5 милиони фунти
  • Џорџи Мамардашвили – 29 милиони фунти
  • Џовани Леони – 26 милиони фунти
Претходно„Го продадоа за 145 милиони евра, а се простија со 37 зборови“
СледноОфицијално: Донарума во Манчестер Сити! (ВИДЕО)