Шкендија Арачиново со подобро изведување на казнетите удари во пенал серијата, успеа да слави против Саса во меч од 1/16 финалето во Купот на Македонија и со тоа да се пласира во следната фаза во ова натпреварување.
Мечот се играше во Куманово а со голот на Спасовски во 59.минута Саса поведе со 1:0. Израмни искусниот Алии во 83.минута.
Откако резултатот по 90.минути беше 1:1, се изведуваа пенали, а таму поуспешни беа играчите на Шкендија Арачиново.
Инаку во осминафиналето засега, покрај Шкендија Арачинови се и Вардар како освојувач на Купот, Струга ТЛ како финалист и екипите на Беласица, Охрид, Работнички, Силекс, Македонија ЃП, Детонит, Брегалница.
Останува од 1/16 финалето да се одиграат и натпреварите Пчиња – Новаци (03.09), Тетекс – Пелистер (03.09), Победа – Башкими (09.09), Кожуг – Шкупи (10.09), Јени Маале – Шкендија (10.09), Скопје – Тиквеш (10.09).