Наполи го пријави Елмас за ЛШ со дрес со број „20“

110
фото: Napoli Zone (X)

Екипата на Наполи во чии редови вчера се врати македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, вечерва го објави списокот на пријавени фудбалери за натпреварите во Лигата на шампионите. Елмас се најде на списокот кој го избра тренерот Антонио Конте, што значи дека нашиот репрезентативец повторно ќе биде дел од најсилното европско клупско натпреварување.

Елмас веќе го доби и нивиот број на дресот за оваа сезона во Наполи. Тој овој пат ќе настапува со дресот со број 20. При првото доаѓање ја избра 12-ката, а потоа заигра и со бројот 7.

ПретходноБарселона до јануари има само една цел – продолжување на договорите на Де Јонг и Гарсија
СледноБугарите “плачат“: Шпанците не нѐ сметаат за живи!